Дома

Добредојдовте на интернет страната Органска Градина! Ви посакувам успешна дружба со нашите содржини.
Во моментов страницата е во изработка. Следете не – секојдневно ќе има некоја нова содржина.

За нас

You might be an artist who would like to introduce yourself and your work here or maybe you’re a business with a mission to describe.

Блог

Parvovirus in dogs – Парво вирус кај кучиња

Нашата Шарпланинка Јана се окучи на 06.05.2022 и роди 10 здрави шарпланинци. 5 машки и 5 женски. Четвртиот ден едно од женските почина од невнимание на мајката (го згмечила) иако беше сместена во куќарка од 3,5 м2 направена по станради да неможе да згмечи кученце ако е некаде на некоја ивица. Поради голем број се …

Араукана (Araucana)

Сини јајца Арауканата е раса одговорна за преубавите сини јајца, и за жал, многу одгледувачи ја мешаат  со Амераукана и таканаречените „Велигденски кокошки“. Разбирливо е, бидејќи овие три вида кокошки несат шарени јајца – главно сини. „Велигденски кокошки“ се оние кокошки кои носат сини јајца но не се чиста раса Араукана или Амераукана, туку едноставно …

Како настана

Органска градина е мојата приказна. Еве како настана.

Јас по професија сум програмер и во периодот кога настана Огрганска Градина најголем дел од работата ми беше продажба, имплементација и развој на софтвери за материјално и финансиско работење.
Во 2013 година на еден од моите клиенти, кој има ланец на земјоделски аптеки, беше потребно да се направи имплементација на рокови на траење на производите и тогаш детално се запознав со најголемиот дел од производите кои земјоделците ги употребуваат за заштита на своите производи. Оваа заштита всушност претставува употреба на пестициди во земјоделството.
Сите знаеме дека пестицидите се отрови за уништување на бактерии, инсекти и растенија, кое уништување се прави со помош на отровни супстанции за истите и сите овие отрови се нарекуваат пестициди.
На секој производ пишува дека по употребата потребно е да не се прска со истиот определен број на денови и пишува број на денови по прскањето колку време треба да помине пред да може производот да се конзумира.
Во деновите на имплементацијата во муабет со продавачите кои прописно ги советуваат земјоделците и со некои земјоделци дојдов до информација дека земјоделците во најголем дел не се придржуваат кон пропишаното на производите кои ги купуваат и употребуваат.
Тие прскаат повторно без да чекаат да помине периодот пропишан на производот и берат пред да помине периодот пропишан на производот.
Покрај ова дополнително користат отрови за штетници кои не смеат да се користат при вегетација и дознав дека од околните земји си набавуваат производи кои кај нас се забранети со закон.
Некој ќе каже дека има и земјоделци кои се придржуваат кон прописите, но сепак употребуваат отрови во своето производство. Јас досега немам запознаено земјоделец кој не употребува пестициди.
Вториот проблем се вештачките ѓубрива кои се употребуваат во производството на најголемиот број на земјоделски производи. Да овде може да се каже дека има земјоделци кои чуваат добиток и употребуваат арско ѓубре но нивниот број е многу мал.
Сето ова придонесе да се запрашам што јадам. И така размислувајќи се одлучив да почнам самостојно да прозведувам барем дел од производите кои ги конзумирам.
Јас по потекло сум од Скопје од населбата Козле. Во дворот позади дедо ми имаше бавча и чуваше кокошки.
Изметот од кокошките го употребуваше за бавчата и постојано имавме свеж зеленчук дома.
Си реков кога можеше дедо ми, можам и јас.
Времето во кое живееме е многу подинамично од пред 30 и повеќе години, но сепак може да се најде време за се.

Првата градина беше на неколку метри квадратни во едно селце на 80 километри од Скопје.

Градината беше повеќе од успешна. Единствен проблем беше далечината. Плус во тој период немав никакво искуство и градината беше зависна од одржување (чистење од дови треви и наводнување).

Затоа се решив да ја преселам дома во Радишани во задниот дел од дворот. Август, 2014 година.

На крајот дојдов до посакуваното

28.05.2016 година

Најважно е да се разбере дека една градина не се создава наеднаш. Потребно е време. Бидете упорни и ќе дојдете до посакуваното.