Дома

Добредојдовте на интернет страната Органска Градина! Ви посакувам успешна дружба со нашите содржини.
Во моментов страницата е во изработка. Следете не – секојдневно ќе има некоја нова содржина.

За нас

You might be an artist who would like to introduce yourself and your work here or maybe you’re a business with a mission to describe.

Блог

Kokosarnik broj 3 – vo izrabotka

Конечно по многу одложувања на 26.10.2019 започна изградбата на третиот најголем досега кокошарник. Овој кокошарник е во план да обезбеди спална соба и гнезда за несење јајца за 100 кокошки. Се надевам дека пред да паднат температурите под нулата ќе успеам да го завршам.

Како настана

Органска градина е мојата приказна. Еве како настана.

Јас по професија сум програмер и во периодот кога настана Огрганска Градина најголем дел од работата ми беше продажба, имплементација и развој на софтвери за материјално и финансиско работење.
Во 2013 година на еден од моите клиенти, кој има ланец на земјоделски аптеки, беше потребно да се направи имплементација на рокови на траење на производите и тогаш детално се запознав со најголемиот дел од производите кои земјоделците ги употребуваат за заштита на своите производи. Оваа заштита всушност претставува употреба на пестициди во земјоделството.
Сите знаеме дека пестицидите се отрови за уништување на бактерии, инсекти и растенија, кое уништување се прави со помош на отровни супстанции за истите и сите овие отрови се нарекуваат пестициди.
На секој производ пишува дека по употребата потребно е да не се прска со истиот определен број на денови и пишува број на денови по прскањето колку време треба да помине пред да може производот да се конзумира.
Во деновите на имплементацијата во муабет со продавачите кои прописно ги советуваат земјоделците и со некои земјоделци дојдов до информација дека земјоделците во најголем дел не се придржуваат кон пропишаното на производите кои ги купуваат и употребуваат.
Тие прскаат повторно без да чекаат да помине периодот пропишан на производот и берат пред да помине периодот пропишан на производот.
Покрај ова дополнително користат отрови за штетници кои не смеат да се користат при вегетација и дознав дека од околните земји си набавуваат производи кои кај нас се забранети со закон.
Некој ќе каже дека има и земјоделци кои се придржуваат кон прописите, но сепак употребуваат отрови во своето производство. Јас досега немам запознаено земјоделец кој не употребува пестициди.
Вториот проблем се вештачките ѓубрива кои се употребуваат во производството на најголемиот број на земјоделски производи. Да овде може да се каже дека има земјоделци кои чуваат добиток и употребуваат арско ѓубре но нивниот број е многу мал.
Сето ова придонесе да се запрашам што јадам. И така размислувајќи се одлучив да почнам самостојно да прозведувам барем дел од производите кои ги конзумирам.
Јас по потекло сум од Скопје од населбата Козле. Во дворот позади дедо ми имаше бавча и чуваше кокошки.
Изметот од кокошките го употребуваше за бавчата и постојано имавме свеж зеленчук дома.
Си реков кога можеше дедо ми, можам и јас.
Времето во кое живееме е многу подинамично од пред 30 и повеќе години, но сепак може да се најде време за се.

Првата градина беше на неколку метри квадратни во едно селце на 80 километри од Скопје.

Градината беше повеќе од успешна. Единствен проблем беше далечината. Плус во тој период немав никакво искуство и градината беше зависна од одржување (чистење од дови треви и наводнување).

Затоа се решив да ја преселам дома во Радишани во задниот дел од дворот. Август, 2014 година.

На крајот дојдов до посакуваното

28.05.2016 година

Најважно е да се разбере дека една градина не се создава наеднаш. Потребно е време. Бидете упорни и ќе дојдете до посакуваното.

Кокошки

Зошто кокошки? Одговорот е едноставен. Ниту една органска градина неможе да постои без органски отпад. Јас се одлучив за органски отпад од животинско потекло. Не дека не пробав првата година со отпад од растително потекло, пробав, ама резултатите се дефинитивно многу различни. Во мојата населба Радишани, во едно мало дворче, најмногу што може да се чува се кокошки. Реално и тое не се дозволени бидејќи во законот во домашни миленци спаѓаат само куче и мачка. Но јас се одлучив да ги чувам.

Првото јајце

Целата идеја е како да ја наѓубрам градината со органски отпад и да бидам сигурен дека во него нема измет од животни кои се кљукаат со стероди и антибиотици. Таа сигурност можете да ја имате само ако самостојно си ги одгледувате животните.

Од кокошарник во бавча?

Кокошарникот е поделен на 2 дела. Имам затворен простор каде кокошките спијат навечер и преку ден несат јајца и отворен дел каде кокошките го поминуваат целиот ден. Во затворениот дел ставам подлога од пилевина. Слој од 5 сантиметри. Еднаш месечно ја вадам целосно и поставувам нова пилевина. Во отворениот простор (кој е покриен) исто така има слој од пилевина, но овде слојот е 20 сантиметри. Овде замената ја правам 2 пати годишно. Еднаш во февруари и втор пат во октомви. Пилевината која е измешана со изметот од кокошките кога ја вадам ја мешам со слама и вода и ја оставам да се компостира. По две недели ја мешам целата содржина повторно и додавам вода. Така за 4 до 6 недели добивам компост кој веднаш можам да го искористам во мојата градина.

Пилевината во кокошарникот овозможува изметот веднаш да се исуши и на тој начин нема непријатни миризби. Така да моите кокошки не сметаат на ниту едени комшии.

Пилевината ја набавувам од локалните дрвари. Покрај пилевина може да се користат струготини од пилана некоја или лушпи од ориз. Некои користат слама или сено, но јас лично не ги препорачувам пошто сум пробал и има миризба. Покрај миризбата со сламата може да се развијат и други штетни микро организми.

Еве некоја слика од изградбата на мојот кокошарник. Целосно е направен од даски од палети.

Контакт

Може да не контактирате на следнава електронска пошта info@organskagradina.mk

Или телефонски на 070-233-755