Кокошки

Зошто кокошки? Одговорот е едноставен. Ниту една органска градина неможе да постои без органски отпад. Јас се одлучив за органски отпад од животинско потекло. Не дека не пробав првата година со отпад од растително потекло, пробав, ама резултатите се дефинитивно многу различни. Во мојата населба Радишани, во едно мало дворче, најмногу што може да се чува се кокошки. Реално и тое не се дозволени бидејќи во законот во домашни миленци спаѓаат само куче и мачка. Но јас се одлучив да ги чувам.

Првото јајце

Целата идеја е како да ја наѓубрам градината со органски отпад и да бидам сигурен дека во него нема измет од животни кои се кљукаат со стероди и антибиотици. Таа сигурност можете да ја имате само ако самостојно си ги одгледувате животните.

Од кокошарник во бавча?

Кокошарникот е поделен на 2 дела. Имам затворен простор каде кокошките спијат навечер и преку ден несат јајца и отворен дел каде кокошките го поминуваат целиот ден. Во затворениот дел ставам подлога од пилевина. Слој од 5 сантиметри. Еднаш месечно ја вадам целосно и поставувам нова пилевина. Во отворениот простор (кој е покриен) исто така има слој од пилевина, но овде слојот е 20 сантиметри. Овде замената ја правам 2 пати годишно. Еднаш во февруари и втор пат во октомви. Пилевината која е измешана со изметот од кокошките кога ја вадам ја мешам со слама и вода и ја оставам да се компостира. По две недели ја мешам целата содржина повторно и додавам вода. Така за 4 до 6 недели добивам компост кој веднаш можам да го искористам во мојата градина.

Пилевината во кокошарникот овозможува изметот веднаш да се исуши и на тој начин нема непријатни миризби. Така да моите кокошки не сметаат на ниту едени комшии.

Пилевината ја набавувам од локалните дрвари. Покрај пилевина може да се користат струготини од пилана некоја или лушпи од ориз. Некои користат слама или сено, но јас лично не ги препорачувам пошто сум пробал и има миризба. Покрај миризбата со сламата може да се развијат и други штетни микро организми.

Еве некоја слика од изградбата на мојот кокошарник. Целосно е направен од даски од палети.