Араукана (Araucana)

Сини јајца

Арауканата е раса одговорна за преубавите сини јајца, и за жал, многу одгледувачи ја мешаат  со Амераукана и таканаречените „Велигденски кокошки“. Разбирливо е, бидејќи овие три вида кокошки несат шарени јајца – главно сини. „Велигденски кокошки“ се оние кокошки кои носат сини јајца но не се чиста раса Араукана или Амераукана, туку едноставно имаат некој далечен предок од оваа раса т.е. се хибриди на Арауканата. Хибридите се признати дури во 70тите години од минатиот век, а станаа популарни пред 10 тина години.

Заради реткоста на оваа раса, тешко е да се дојде до араукана. Многу одгледувачи избрале да не ги одгледуваат поради проблеми со стапката на ведливост што се предизвикани од генетиката. Најголемиот дел плави јајца што ги продаваат одгледувачите се од „Велигденски кокошки“ , или Амераукана. Значи, ако барате да ја додадете расата Араукана во вашето јато, најверојатно ќе треба да се консултирате со одгледувач кој работи на развој на расата.

Изглед

Арауканата не е единствена само поради нејзината боја на јајце-таа има и уникатни физички карактеристики што им недостасуваат на многу популарни раси. Таа има исправен став и личи на некои видови на диви птици. Грбот се спушта кон нејзината долна половина и и дава држење по кое е добро позната.

Ако не сте сигурни дали гледате араукана или велигденска кокошка, само побарајте две карактеристики (или недостаток од нив) што веројатно ќе покажат дека сте во присуство на Араукана:

Брадичка – Брадичка се комичните перја кои излегуваат од образите на Араукана. Тие растат под преклоп на кожата под нивните уши и може да се издвојат како џентлменски мустаќи. Оваа брадичка обично е под ушите на самиот врат (по една на секоја страна), но не секогаш. Тие исто така можат да земат свој правец со тоа што ќе растат на секој можен начин. Едно е сигурно, тие додаваат еден тон карактер на изгледот на вашата Араукана.

Без опашка – Без опашка во основа значи она што може да мислите дека значи … тие немаат опаш! Или со други зборови, им недостасуваат долгите пердуви на опашот што ги имаат другите раси на кокошки. Оваа карактеристика, исто така, придонесува за појава на исправено држење на Araucana – многу силна одлика.

Овие две карактеристики му даваат на овој вид кокошки уникатен и многу баран изглед – секако, и нивните прекрасни сини јајца!

За жал, токму генот што ја создава брадичката е тој што предизвикува висок процент на пилиња да умрат за време на инкубацијата. Ова е причината зошто многу инкубаторски станици не ведат Араукана па затоа, ако барате да набавите ќе треба да побарате посветен одгледувач.

Што се однесува до типичните карактеристики на кокошките, Араукана има тројна кикиртка која наликува на три единечни споени заедно во основата и задниот дел но јасно поделени, а средната е највисока. По внимателен преглед на кикиритката има мали испакнатини кои се слични на зрнца грашок.

Арауканата е кокошка со чисти нозе (без пердуви на нозете), а бојата на нозете може да варира во зависност од бојата на кокошката. Арауканата доаѓа во црна, црна црвена, сребрена до патинаста, бела и златно патинаста боја. Потемно обоените сорти на ова раса може да имаат црни или сини нозе, а посветлите имаат маслинасто обоени нозе.

Големина

Арауканите се сметаат за стандардни кокошки со помала големина. Што значи, тие се поголеми од бантамите, но помали од Брама. Арауканата обично тежи околу 2,5 кг, меѓутоа, може да се најде и во бантам варијанта – но многу тешко затоа што и стандардните и бантамските се сметаат за реткост.

Додека се смета дека арауканата е на малиот крај на спектарот, интересно е дека тие растат прилично брзо. Ако одгледувате повеќе од една раса на кокошки, брзо ќе забележите дека вашите Араукани имаат тенденција да растат побрзо од нивните врсници од другите раси на кокошки.

Несивост

Арауканата е релативно помала и не е идеална како кокошка за месо, но она што им недостасува во големината се надоместува со вкусот на дивото месо, секако тие го надополнуваат и со прекрасни сини јајца. И покрај тоа што кокошките се со помала големина, нивните јајца се средни и совршени за вашата велигденска корпа, и еј, не мора да ги обоите! Во просек несат приближно 3 јајца неделно, арауканата не е наменета за масовно производство на јајца, но таа сигурно може да заработи со своите карактеристики да биде дел од вашето јато. Меѓутоа, бидејќи оваа откачена кокошка потекнува од потопла клима во Јужна Америка, таа има тенденција да мирува во зимскиот период и да не носи јајца. Без оглед, таа ќе се врати на тоа откако ќе се затопли времето. Ова се карактеристики ако кокошките се чуваат на природна зрнеста храна и пуштени. Ако има давате концентрат секако новисоста се зголемува и може да несат речиси секој ден во периодот од пролет до зима.

Темперамент

Некои ентузијасти велат дека тие се најпријателските кокошки што некогаш ги поседувале, додека други се колнат дека се летачки и нервозни. Високата енергија можеби не секогаш е еднаква на непријателски кокошки, па затоа може да зависи само од тоа со кого зборувате и како тие избрале да комуницираат со своите араукани.

Брзо пребарување на Интернет ќе открие дека оние кои се посветиле на развојот на оваа раса имаат само убави зборови за нивните Араукани. Многу одгледувачи ќе ви кажат дека тие се одлични кокошки за децата, бидејќи тие навистина уживаат да бидат гушкани и ракувани.

Квачење

Арауканите имаат тенденција да квачат често и лесно. Ова значи дека тие едноставно уживаат да одгледуваат свое мало јато на пилиња, и ако планирате да ги размножувате овие птици, оставајќи ја мајката кокошка да си ја заврши својата работа ќе ви го олесни процесот. Само запомнете дека стапката на ведливост е прилично ниска за Араукана, затоа не се обесхрабрувајте ако само неколку пилиња се изведат.

Да напоменам, ако мајката кокошка квачи долго време, губи на тежина и изгледа малку груба, тогаш е време да и помогнеме да се тргнат сите јајца што не се извеле, бидејќи таа ќе квачи до последното.

Цврстина

Арауканата е изненадувачки издржлива во текот на зимата. И покрај тоа што овие кокошки потекнуваат од потопла клима, особено добро се снаоѓаат на студ. Бидејќи речиси и да немаат кикиритка на глава, истата не мрзне.

Во иста линија, Арауканата може да се справи со топлото време исто толку лесно. Тие се навистина лесно адаптивни кокошки, без разлика каде живеат.

Кокошки за на пасиште

Арауканите се особено љубопитни и активни кокошки и сакаат да ги поминуваат деновите гребејќи за вкусни задоволства. Тие се паметни пилиња, кои ги држат очите постојано отворени за предатори и даваат се од себе да не бидат храна за предаторите.

Забележано е дека Арауканата има тенденција да се оддалечува малку повеќе од останатите кокошки и тие уживаат да одат по истиот пат секојдневно. Значи, ако вашите соседи не се љубители на кокошки, треба да ги чувате вашите кокошки во ограден двор, бидејќи штом дознаат каде се добрите работи за клукање, тие ќе продолжат да се одат таму за повеќе!

Арауканите се посебна раса кои се многу барани поради светло сините јајца и забавните карактеристики. Додека велигденските кокошки и Амераукана, исто така, носат шарени јајца, Арауканата е таа која постојано ги произведува тие прекрасни светло сини јајца. Ако нивните убави јајца не ве примамиле да ја имате оваа раса, нивниот комичен физички изглед сигурно ќе се примами. Кој не сака малку промена во своето домашно јато?