Parvovirus in dogs – Парво вирус кај кучиња

Нашата Шарпланинка Јана се окучи на 06.05.2022 и роди 10 здрави шарпланинци. 5 машки и 5 женски. Четвртиот ден едно од женските почина од невнимание на мајката (го згмечила) иако беше сместена во куќарка од 3,5 м2 направена по станради да неможе да згмечи кученце ако е некаде на некоја ивица. Поради голем број се случува и тоа. Сепак одгледа 9 здрави кученца. За време на бременоста на 35ти ден од парењето ја вакциниравме мајката за да примат малите заштита уште додека се во утробата.

На навршени 35 дена од раѓањето 3 кученца веќе беа подигнати од нивните нови сопственици и така на тој ден 6 кученца ја примија првата вакцина.

21 ден по првата вакцина, беа останати 5 кученца, едно отиде во нов дом, кученцата ја прмија и втората вакцина.

Во меѓувреме едно женско (Софи) отиде во нов дом. Така што останаа уште 4 кутриња од кои 1 машко решивме да оставиме за себе. Го крстивме Киро.

14 дена по примање на втората вакцина, Киро едно од машките кученца кое беше со карактеристики на потенцијален шампион се разболе. Беше сабота наутро кога отидов да ги хранам. Обично сите трчаат кон мене, но Киро лежеше до мајка му и не мрдаше. Отидов го погалив и полека се придвижи. Несакаше да јаде. Се однесуваше летаргично. Јас прв пат ведам кучиња и немам искуство. Се јавив во ветеринарната амбуланта во автокоманда и ми рекоа намокри му ги ушињата со вода и ако и утре е така донеси го во амбуланта. Во неделата сабајле ситуацијата небеше променета и го однесов во амбуланта. Го прегледаа (му измерија само температура) и им кажав што е проблемот. Му ставија 3 инекции и ми рекоа дека ако е инфекција ќе помине, а ако е вирус му нема спас. Во понеделникот немаше промени и сабајлето го однесов кај мојот ветеринар. Тој утврди дека станува збор за парво вирус и дека има шанси да го спаси. Од понеделникот сабајле до средата сабајле двапати дневно го носев во амбуланта и му даваат инфузија и уште по 4 до 5 инекции со инфузијата и по една подкожно. Сепак Киро во средата попладне почна да испушта крв со изметот и попладнето почина. Во меѓувреме не сакаше ништо да јаде и да пие и јас по инструкции на ветринарот му давав чај од нане со шприц во уста и јогурт исто со шприц во уста. Ништо не даде резултат. Сите мои желби да го спасам и да подигнам мое кутре, шарпланиче, шампионче се срушија. Тагата сеуште ме држи и тешко е без Киро. Киро покрај својата убавина планеше со неговиот специфичен карактер. Едноставно се издигнуваше од целото легло во секој поглед. Ми рекоа следи ги другите 3 кутриња и ако приметиш ист проблем веднаш носи го во амбуланта да реагираме со време.

Ајше, последното женско кутре 2 дена по смртта на Киро се разболе. Беше петок сабајле кога отидов да ги ранам и сите 3 беа прекрасни, трчаа по мене, јадеа, се бореа и си играа. Но вечерта кога отидов пак да ги хранам Ајше легната под праската и несака да мрдне. Одма ми стана јасно дека станува збор за истата болест, парво вирус. Ја земав и ја донесов дома. Решив да се послужам со интернет и да прочитам малку повеќе за оваа болест. Знам дека по овој пост многу ветринари нема да се сложат со мене, но јас овој пат решив судбината на кучето да ја земам во моите раце и јас да се обидам да го спасам. Како што кажав, ја земав дома и порочитав за болеста и утврдив свој начин на лечење.

Веднаш и дадов фамосан за да го смирам желудникот (инаку може да се даде реглан, фамосан, нолпаза, ланзул или рамеп). Половина час по фамосанот и дадов пола апче амоксилав за возрасни со една жолчка од јајце. Може да се даде било кој антибиотик на пеницилинска база и обавезно жолчка од јајце но од домашни кокошки кои не се хранети со концентрат и не се вакцинирани. Вода да се стави до кучето и да му се дозволи да пие колку што сака. После два часа кучето дури касна и неколку зрна сува храна за кучиња.

Вториот ден, Сабота, сабајлето истата постапка. Фамосан, пола час подоцна жолчка од јајце со половина амоксиклав и вода по желба. Ако несака да пие да се даде еден шприц од 10 мили литри вода со сила. Жолчката исто така се дава со шприц со сила во уста. Потоа на пладне повторно и дадов жолчка. Вечерта во саботата ја повторив постапката со фамосанот, амоксиклавот и жолчката. Болеста се развиваше и ситуацијата не изгледаше добро. Се обесхрабрив, но бев решен да продолжам.

Во неделата сабајле видов дека ноќта повраќала. Ја повторив постапката со тоа што место жолчка дадов цело јајце. Во неделата не бев дома цел ден и се вратив вечерта. Вечерта не ми изгледаше добро и и дадов само фамосан и цело јајце.

Во понеделникот сабајле гледам кучево стана ме гледа, мафта со опашката и оди кон мене. Бев пресреќен! Повторно, фамосан, пола час пауза и пола амоксиклав со цело јајце со шприц. По некоја минутка гледам оди кон сувата храна и лапна некое зрнце и се напи вода, ама убаво се напи. Вечерта пак истата терапија.

Вчера, вторник истата терапија со тоа што веќе не е едно јајце туку 2 цели јајца и не ги давав со шприц, самата си ги јадеше. Потоа си продолжи неколку зрна од сувата храна. Вечерта истата терапија со фамосан и амоксиклав и 2 цели јајца самата да си ги изеде.

Денес, среда веќе кучето трча низ двор и си јаде и пие вода самостојно. И дадов сабајлево фамосан и амоксиклав. Но со фамосанот и амоксиклавот завршувам.

Планирам да ја оставам дома до утре и утре ќе ја вратам кај брачињата и мама да си игра и да ужива.

Се надевам дека овој мој блог пост ќе помогне на многумина кои имаат проблем со овој вирус.

Повеќе за парво вирусот можете да се информирате на следниов линк
Парвовироза (veterinarnica.mk)
Но земете го во предвид и моето искуство па одлучете самите што ќе правите. Најважно е да знаете навреме за која болест станува збор. Јас за првото куче незнаев и тука е најголемата моја грешка.