Parvovirus in dogs – Парво вирус кај кучиња

Нашата Шарпланинка Јана се окучи на 06.05.2022 и роди 10 здрави шарпланинци. 5 машки и 5 женски. Четвртиот ден едно од женските почина од невнимание на мајката (го згмечила) иако беше сместена во куќарка од 3,5 м2 направена по станради да неможе да згмечи кученце ако е некаде на некоја ивица. Поради голем број се случува и тоа. Сепак одгледа 9 здрави кученца. За време на бременоста на 35ти ден од парењето ја вакциниравме мајката за да примат малите заштита уште додека се во утробата.

На навршени 35 дена од раѓањето 3 кученца веќе беа подигнати од нивните нови сопственици и така на тој ден 6 кученца ја примија првата вакцина.

21 ден по првата вакцина, беа останати 5 кученца, едно отиде во нов дом, кученцата ја прмија и втората вакцина.

Во меѓувреме едно женско (Софи) отиде во нов дом. Така што останаа уште 4 кутриња од кои 1 машко решивме да оставиме за себе. Го крстивме Киро.

14 дена по примање на втората вакцина, Киро едно од машките кученца кое беше со карактеристики на потенцијален шампион се разболе. Беше сабота наутро кога отидов да ги хранам. Обично сите трчаат кон мене, но Киро лежеше до мајка му и не мрдаше. Отидов го погалив и полека се придвижи. Несакаше да јаде. Се однесуваше летаргично. Јас прв пат ведам кучиња и немам искуство. Се јавив во ветеринарната амбуланта во автокоманда и ми рекоа намокри му ги ушињата со вода и ако и утре е така донеси го во амбуланта. Во неделата сабајле ситуацијата небеше променета и го однесов во амбуланта. Го прегледаа (му измерија само температура) и им кажав што е проблемот. Му ставија 3 инекции и ми рекоа дека ако е инфекција ќе помине, а ако е вирус му нема спас. Во понеделникот немаше промени и сабајлето го однесов кај мојот ветеринар. Тој утврди дека станува збор за парво вирус и дека има шанси да го спаси. Од понеделникот сабајле до средата сабајле двапати дневно го носев во амбуланта и му даваат инфузија и уште по 4 до 5 инекции со инфузијата и по една подкожно. Сепак Киро во средата попладне почна да испушта крв со изметот и попладнето почина. Во меѓувреме не сакаше ништо да јаде и да пие и јас по инструкции на ветринарот му давав чај од нане со шприц во уста и јогурт исто со шприц во уста. Ништо не даде резултат. Сите мои желби да го спасам и да подигнам мое кутре, шарпланиче, шампионче се срушија. Тагата сеуште ме држи и тешко е без Киро. Киро покрај својата убавина планеше со неговиот специфичен карактер. Едноставно се издигнуваше од целото легло во секој поглед. Ми рекоа следи ги другите 3 кутриња и ако приметиш ист проблем веднаш носи го во амбуланта да реагираме со време.

Ајше, последното женско кутре 2 дена по смртта на Киро се разболе. Беше петок сабајле кога отидов да ги ранам и сите 3 беа прекрасни, трчаа по мене, јадеа, се бореа и си играа. Но вечерта кога отидов пак да ги хранам Ајше легната под праската и несака да мрдне. Одма ми стана јасно дека станува збор за истата болест, парво вирус. Ја земав и ја донесов дома. Решив да се послужам со интернет и да прочитам малку повеќе за оваа болест. Знам дека по овој пост многу ветринари нема да се сложат со мене, но јас овој пат решив судбината на кучето да ја земам во моите раце и јас да се обидам да го спасам. Како што кажав, ја земав дома и порочитав за болеста и утврдив свој начин на лечење.

Веднаш и дадов фамосан за да го смирам желудникот (инаку може да се даде реглан, фамосан, нолпаза, ланзул или рамеп). Половина час по фамосанот и дадов пола апче амоксилав за возрасни со една жолчка од јајце. Може да се даде било кој антибиотик на пеницилинска база и обавезно жолчка од јајце но од домашни кокошки кои не се хранети со концентрат и не се вакцинирани. Вода да се стави до кучето и да му се дозволи да пие колку што сака. После два часа кучето дури касна и неколку зрна сува храна за кучиња.

Вториот ден, Сабота, сабајлето истата постапка. Фамосан, пола час подоцна жолчка од јајце со половина амоксиклав и вода по желба. Ако несака да пие да се даде еден шприц од 10 мили литри вода со сила. Жолчката исто така се дава со шприц со сила во уста. Потоа на пладне повторно и дадов жолчка. Вечерта во саботата ја повторив постапката со фамосанот, амоксиклавот и жолчката. Болеста се развиваше и ситуацијата не изгледаше добро. Се обесхрабрив, но бев решен да продолжам.

Во неделата сабајле видов дека ноќта повраќала. Ја повторив постапката со тоа што место жолчка дадов цело јајце. Во неделата не бев дома цел ден и се вратив вечерта. Вечерта не ми изгледаше добро и и дадов само фамосан и цело јајце.

Во понеделникот сабајле гледам кучево стана ме гледа, мафта со опашката и оди кон мене. Бев пресреќен! Повторно, фамосан, пола час пауза и пола амоксиклав со цело јајце со шприц. По некоја минутка гледам оди кон сувата храна и лапна некое зрнце и се напи вода, ама убаво се напи. Вечерта пак истата терапија.

Вчера, вторник истата терапија со тоа што веќе не е едно јајце туку 2 цели јајца и не ги давав со шприц, самата си ги јадеше. Потоа си продолжи неколку зрна од сувата храна. Вечерта истата терапија со фамосан и амоксиклав и 2 цели јајца самата да си ги изеде.

Денес, среда веќе кучето трча низ двор и си јаде и пие вода самостојно. И дадов сабајлево фамосан и амоксиклав. Но со фамосанот и амоксиклавот завршувам.

Планирам да ја оставам дома до утре и утре ќе ја вратам кај брачињата и мама да си игра и да ужива.

Се надевам дека овој мој блог пост ќе помогне на многумина кои имаат проблем со овој вирус.

Повеќе за парво вирусот можете да се информирате на следниов линк
Парвовироза (veterinarnica.mk)
Но земете го во предвид и моето искуство па одлучете самите што ќе правите. Најважно е да знаете навреме за која болест станува збор. Јас за првото куче незнаев и тука е најголемата моја грешка.

Араукана (Araucana)

Сини јајца

Арауканата е раса одговорна за преубавите сини јајца, и за жал, многу одгледувачи ја мешаат  со Амераукана и таканаречените „Велигденски кокошки“. Разбирливо е, бидејќи овие три вида кокошки несат шарени јајца – главно сини. „Велигденски кокошки“ се оние кокошки кои носат сини јајца но не се чиста раса Араукана или Амераукана, туку едноставно имаат некој далечен предок од оваа раса т.е. се хибриди на Арауканата. Хибридите се признати дури во 70тите години од минатиот век, а станаа популарни пред 10 тина години.

Заради реткоста на оваа раса, тешко е да се дојде до араукана. Многу одгледувачи избрале да не ги одгледуваат поради проблеми со стапката на ведливост што се предизвикани од генетиката. Најголемиот дел плави јајца што ги продаваат одгледувачите се од „Велигденски кокошки“ , или Амераукана. Значи, ако барате да ја додадете расата Араукана во вашето јато, најверојатно ќе треба да се консултирате со одгледувач кој работи на развој на расата.

Изглед

Арауканата не е единствена само поради нејзината боја на јајце-таа има и уникатни физички карактеристики што им недостасуваат на многу популарни раси. Таа има исправен став и личи на некои видови на диви птици. Грбот се спушта кон нејзината долна половина и и дава држење по кое е добро позната.

Ако не сте сигурни дали гледате араукана или велигденска кокошка, само побарајте две карактеристики (или недостаток од нив) што веројатно ќе покажат дека сте во присуство на Араукана:

Брадичка – Брадичка се комичните перја кои излегуваат од образите на Араукана. Тие растат под преклоп на кожата под нивните уши и може да се издвојат како џентлменски мустаќи. Оваа брадичка обично е под ушите на самиот врат (по една на секоја страна), но не секогаш. Тие исто така можат да земат свој правец со тоа што ќе растат на секој можен начин. Едно е сигурно, тие додаваат еден тон карактер на изгледот на вашата Араукана.

Без опашка – Без опашка во основа значи она што може да мислите дека значи … тие немаат опаш! Или со други зборови, им недостасуваат долгите пердуви на опашот што ги имаат другите раси на кокошки. Оваа карактеристика, исто така, придонесува за појава на исправено држење на Araucana – многу силна одлика.

Овие две карактеристики му даваат на овој вид кокошки уникатен и многу баран изглед – секако, и нивните прекрасни сини јајца!

За жал, токму генот што ја создава брадичката е тој што предизвикува висок процент на пилиња да умрат за време на инкубацијата. Ова е причината зошто многу инкубаторски станици не ведат Араукана па затоа, ако барате да набавите ќе треба да побарате посветен одгледувач.

Што се однесува до типичните карактеристики на кокошките, Араукана има тројна кикиртка која наликува на три единечни споени заедно во основата и задниот дел но јасно поделени, а средната е највисока. По внимателен преглед на кикиритката има мали испакнатини кои се слични на зрнца грашок.

Арауканата е кокошка со чисти нозе (без пердуви на нозете), а бојата на нозете може да варира во зависност од бојата на кокошката. Арауканата доаѓа во црна, црна црвена, сребрена до патинаста, бела и златно патинаста боја. Потемно обоените сорти на ова раса може да имаат црни или сини нозе, а посветлите имаат маслинасто обоени нозе.

Големина

Арауканите се сметаат за стандардни кокошки со помала големина. Што значи, тие се поголеми од бантамите, но помали од Брама. Арауканата обично тежи околу 2,5 кг, меѓутоа, може да се најде и во бантам варијанта – но многу тешко затоа што и стандардните и бантамските се сметаат за реткост.

Додека се смета дека арауканата е на малиот крај на спектарот, интересно е дека тие растат прилично брзо. Ако одгледувате повеќе од една раса на кокошки, брзо ќе забележите дека вашите Араукани имаат тенденција да растат побрзо од нивните врсници од другите раси на кокошки.

Несивост

Арауканата е релативно помала и не е идеална како кокошка за месо, но она што им недостасува во големината се надоместува со вкусот на дивото месо, секако тие го надополнуваат и со прекрасни сини јајца. И покрај тоа што кокошките се со помала големина, нивните јајца се средни и совршени за вашата велигденска корпа, и еј, не мора да ги обоите! Во просек несат приближно 3 јајца неделно, арауканата не е наменета за масовно производство на јајца, но таа сигурно може да заработи со своите карактеристики да биде дел од вашето јато. Меѓутоа, бидејќи оваа откачена кокошка потекнува од потопла клима во Јужна Америка, таа има тенденција да мирува во зимскиот период и да не носи јајца. Без оглед, таа ќе се врати на тоа откако ќе се затопли времето. Ова се карактеристики ако кокошките се чуваат на природна зрнеста храна и пуштени. Ако има давате концентрат секако новисоста се зголемува и може да несат речиси секој ден во периодот од пролет до зима.

Темперамент

Некои ентузијасти велат дека тие се најпријателските кокошки што некогаш ги поседувале, додека други се колнат дека се летачки и нервозни. Високата енергија можеби не секогаш е еднаква на непријателски кокошки, па затоа може да зависи само од тоа со кого зборувате и како тие избрале да комуницираат со своите араукани.

Брзо пребарување на Интернет ќе открие дека оние кои се посветиле на развојот на оваа раса имаат само убави зборови за нивните Араукани. Многу одгледувачи ќе ви кажат дека тие се одлични кокошки за децата, бидејќи тие навистина уживаат да бидат гушкани и ракувани.

Квачење

Арауканите имаат тенденција да квачат често и лесно. Ова значи дека тие едноставно уживаат да одгледуваат свое мало јато на пилиња, и ако планирате да ги размножувате овие птици, оставајќи ја мајката кокошка да си ја заврши својата работа ќе ви го олесни процесот. Само запомнете дека стапката на ведливост е прилично ниска за Араукана, затоа не се обесхрабрувајте ако само неколку пилиња се изведат.

Да напоменам, ако мајката кокошка квачи долго време, губи на тежина и изгледа малку груба, тогаш е време да и помогнеме да се тргнат сите јајца што не се извеле, бидејќи таа ќе квачи до последното.

Цврстина

Арауканата е изненадувачки издржлива во текот на зимата. И покрај тоа што овие кокошки потекнуваат од потопла клима, особено добро се снаоѓаат на студ. Бидејќи речиси и да немаат кикиритка на глава, истата не мрзне.

Во иста линија, Арауканата може да се справи со топлото време исто толку лесно. Тие се навистина лесно адаптивни кокошки, без разлика каде живеат.

Кокошки за на пасиште

Арауканите се особено љубопитни и активни кокошки и сакаат да ги поминуваат деновите гребејќи за вкусни задоволства. Тие се паметни пилиња, кои ги држат очите постојано отворени за предатори и даваат се од себе да не бидат храна за предаторите.

Забележано е дека Арауканата има тенденција да се оддалечува малку повеќе од останатите кокошки и тие уживаат да одат по истиот пат секојдневно. Значи, ако вашите соседи не се љубители на кокошки, треба да ги чувате вашите кокошки во ограден двор, бидејќи штом дознаат каде се добрите работи за клукање, тие ќе продолжат да се одат таму за повеќе!

Арауканите се посебна раса кои се многу барани поради светло сините јајца и забавните карактеристики. Додека велигденските кокошки и Амераукана, исто така, носат шарени јајца, Арауканата е таа која постојано ги произведува тие прекрасни светло сини јајца. Ако нивните убави јајца не ве примамиле да ја имате оваа раса, нивниот комичен физички изглед сигурно ќе се примами. Кој не сака малку промена во своето домашно јато?

Kokosarnik broj 3 – vo izrabotka

Конечно по многу одложувања на 26.10.2019 започна изградбата на третиот најголем досега кокошарник. Овој кокошарник е во план да обезбеди спална соба и гнезда за несење јајца за 100 кокошки. Се надевам дека пред да паднат температурите под нулата ќе успеам да го завршам.

Која е разликата помеѓу органско јајце и останатите јајца?

Органското производство пополека зема замав во Македонија. Земјоделците и сточарите пополека но сигурно се одлучуваат да произведуваат органска храна.

Органските земјоделци можат да користат пестициди сè додека не се синтетички. На страна на министерството за земјоделство е јавно објавена листа на дозволени супстанци (тоа се само природни елементи и растенија) кои се дозволени во органското производство.

Кокошките што носат органски јајца несмеат да живеат во кафези, мора да бидат пуштени на земја и тоа ако е ограден просторот мора да се обезбеди 1 метар квадратен на кокошка. Тие јадат органска храна и не добиваат хормони, вакцини или антибиотици. Земјата на која се произведува добиточна храна наменета за исхрана на кокошките мора да биде од огранско потекло, а тоа значи дека на таа почва несмее да се употребуваат токсични и постојани хемиски пестициди и ѓубрива најмалку три години наназад. Органската храна несмее да биде генетски модифицирана.

Кога станува збор за макронутриенти, постои мала разлика помеѓу органските јајца и конвенционалните јајца. Органските јајца содржат слични количини на протеини, јаглени хидрати и некои масти како што прават конвенционалните јајца. Нема докази кои покажуваат дека органските јајца имаат помалку холестерол од конвенционалните јајца.

Најновите истражувања откриваат дека органските јајца имаат повеќе микронутриенти од конвенционалните јајца. Наодите од Универзитетот Пен сугерираат дека органските кокошкини јајца имаат три пати повеќе омега-3 масни киселини од јајцата од маркет. Јајцата содржеле и 40% повеќе витамин А и двојно повеќе витамин Е.

Многу луѓе се загрижени дали нивната храна соджи антибиотици. Органските јајца се ослободени од остатоци од антибиотици. Во една студија во 2000 година, објавена во Весник за земјоделство и хемија на храна, истражувачите откриле дека антибиотиците што се користат во добиточната храна може да останат во јајцето од кокошка до седум дена.

Арсеникот е отровен тежок метал кога премногу е присутен во организмот. Тестот од Министерството за здравство во Јута идентификуваше јајца со боја на арсен кај кокошки што се хранат со конвенционална храна. Загадувањето со арсен доаѓа од додаток наречен roxarsone, одобрен од Управата за храна и лекови (FDA), кој се користи за промовирање на раст на пилешко. Органските јајца немаат ниту една од овие хемикалии или тешки метали.

Ако барате да го добиете вашиот дневен протеин, тогаш изборот на кој било вид јајце ќе функционира. Во спротивно, органските јајца можат да го намалат ризикот од консумирање дополнителни антибиотици или тешки метали.

Конечно, имајте предвид дека селските јајца од кокошки пуштени во двор не се нужно исти како органските јајца. Едноставно се хранат со не органски добиточна храна и понекогаш им се даваат антибиотици или други лекови. Неорганска храна се на пример пченицата и јачменот произведени со вештачки ѓубрави и прскани со пестициди. И знаеме дека во Македонија 99% од прозводтвото на јачмен и пченица е третирано со пестициди и со вештачко ѓубре.

Затоа Органска градина произведува сопствена органска пченица и сончоглед и е сигурна во својот производ дека е органски.

Нашите кокошки се заедно со петли со што покрај органско, јајцето во најголем процент е оплодено.

Јас лично не се секирам колку јајца ќе изедам денес и не се секирам ако јадам секој ден по неколку јајца. Едноставно органските јајца немаат штетно влијание на организмот, само си го подобрувате здравјето.

Прогрес – 12.08.2019

Пополека ќе стигнеме до посакуваното

Матичното јато New Hampshire се вдоми на 30.06.2019. Веќе се вратија во полн ек со носивоста на јацата.
Сега по одморите да ги завршам 4те мали кафези во склоп на овој кокошарник. Овие се наменети за растење на мали пилиња.